Колач со вишни

Ако сакате нешто набрзина да спремите, а да е вкусно ви предлагаме колач со вишни.

Состојки:

 

200гр шеќер во прав
250гр маргарин
100гр чоколада
300гр вишни
200гр бисквити (цели)
600гр бисквити (половина мелени, половина скршени)

Подготовка:

Маргаринот сматете го додека не се направи пена со шеќерот во прав. Додајте ја истопената чоколада и вишните заедно со сокот од овошјето. Сматете со миксер и на крај додајте ги бисквитите. Во калап ставете мрсна хартија за печење за да не се залепи колачот. Наредете еден ред бисквити, потоа ставете фил и од горе наредете уште еден ред бисквити. Оставете во фрижидер неколку часа да се стегне.

Прочитајте и:  Овие намирници се особено лоши за кардиоваскуларниот систем

Совет:

Може да се искористат и вишни од компот.

- Реклама -