Двата најдобри мобилни телефони за оваа година започнаа да се продаваат на пазарот, а според извештаите HTC One е зад Samsung Galaxy S4.
Најголемата надеж на тајванската компанија HTC лежеше токму во овој супер смартфон со цел да се надмине финансиската криза, но нивниот најголем конкурент Samsung Galaxy S4 без изненадувања е на првото место по продажба.
HTC One имаше речиси две недели предност пред Samsung Galaxy S4, но и тоа не е доволно да избие на првото место. Сепак според извештаите бројките не се лоши што е добар знак дека тајванската компанија ќе се извлече од банкрот. Инаку Samsung Galaxy S4 е вистински хит и неодамна ја промовираше новата реклама.
[youtube]http://youtu.be/Q2TtdM4iI5k[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk