Како да познаете дека лажe?

Логично е да си го поставувате прашањето: Кога да се сомневаме во верноста на партнерот? За да ви помогнеме да си одговорите на тоа прашање, подолу се дадени неколку знаци по кои можете да познаете дали тој лажe или сè е продукт на вашата фантазија.

cheating-man

Не ве гледа право во очи. Ако не ве гледа во очите додека разговарате, тогаш сигурно нешто крие. Секогаш забележувајте ги знаците што ги испраќа неговото тело. Но, не бидете параноични и да го обвинувате за секој негов поглед настрана. Мажите не ги привлекуваат љубоморни параноични жени.

Неговата приказна постојано се менува. Прво кажува дека бил на билјард со другарите, а потоа дека бил со колегите на пиво. Ако неговата приказна се менува, обидете се дознаете што навистина се случило. Можете да ја започнете истрагата од неговите другари. Но, сето тоа треба да го правите умерено без никој да дознае дека вашата намера е да шпионирате.

deception

Тој и претходно лажел. Ако веќе го имате фатено во лага, не треба да сте експерт за да заклучите дека може да го направи повторно. Многу често мажите лажат за мали работи, со цел жените да се импресионираат. Затоа, ако лажел за мала работа, не бидете опседнати со тоа и не го обвинувајте постојано дека лаже. Но, ако неговите лаги се честа појава, најдобро е да разговарате за причините кои што поттикнуваат да лаже. Ако не го решите тој проблем во вашата врска нема да има доверба, а секоја врска во која нема доверба е осудена на пропаст.

Имате чувство дека лаже. Ако имате чувство дека тој лаже, проблемот е поголем од колку што е самото лажење. Тоа значи дека не му верувате на мажот со кој сте заедно. Една врска не може да се гради без взаемна доверба. Поразговарајте на таа тема и решете го проблемот пред тој да ви ја уништи врската.

- Реклама -