24-годишниот студент од Нигерија прави хеликоптери од стари коли и
делови од мотори. Мубарак Мухамед Абдула, студент по физика помина 8
мееци за да го направи овој жолт модел, користејќи ги парите заработени
од поправките на мобилни телефони и компјутери.
24-годишниот студент од Нигерија прави хеликоптери од стари коли и делови од мотори. Мубарак Мухамед Абдула, студент по физика помина 8 мееци за да го направи овој жолт модел, користејќи ги парите заработени од поправките на мобилни телефони и компјутери.
Хеликоптерот содржи делови од паднат 747, но и неколку изненадувања. Моторот е од Хонда Сивик со 133 кс, додека седиштата се од Тојота. Контролите се едноставни со една рачка за забрзување и џојстик кој овозможува баланс. Камерата под него и мал екран му дава на пилотот визуелен контакт со земјата.
Мубарак вели дека основите на хеликоптерскиот лет ги научил на интернет откако одлучил дека е полесно да го направи овој проект отколку автомобил.
Иако на ова летало му фалат некои основни инструменти за мерење на атмосферскиот притисок, висината и влажноста, сепак тоа не е причина тој да не лета – засега успеал да лета цели 3 часа на висина од 4,5 метри.
Наскоро Мубарак би сакал да направи нова креација – двосед со подобар мотор директно од Тајван, кој обично се наоѓа во супермоторите. Со среќа!