НБА кошаркарот Џејсон Колинс призна дека е геј

Кошаркарот на Вашингтон Џејсон Колинс призна дека е хомосексуалец и така стана првиот активен спортист во САД што одлучи јавно да го каже тоа.

„Имам 34 години, црн сум и јас сум геј. Не сакав да бидам првиот активен спортист кој се изјаснил како хомосексуалец, но среќен сум што ја отворив таа тема“, изјавил Колинс во интервју за „Sports Illustrated“ кој ќе излезе во продажба на 6 мај.

Искусниот центар сезоната ја почна во Бостон, но на почетокот на годината беше префрлен во Вашингтон. Тој открива дека пред неколку години бил верен и дека сакал да основа семејство.

jason-collins-sports-illustrated-thumb-640xauto-8111

„Како помлад излегував со девојки, бев дури и верен и мислев дека го живеам вистинскиот живот. Сакав да се оженам и да имам деца со неа, но тоа беше како да се убедував дека небото е црвено, а знам дека е сино“, рекол Колинс и додал зошто баш токму сега ја споделил со јавноста својата сексуална определба.

 

„Почнав да размислував за тоа пред две години во текот на локаутот. Штом заврши сезоната почнувам со припреми за следната, а тоа ме натера да се соочам со самиот себе и со тоа што сум. Сакам уште да играм кошарка, но и да бидам искрен и автентичен“, реко Колинс во интервјуто за магазинот.

- Реклама -