Јавен конкурс за изведба на ново лого

365zal365.com.mk објавува јавен конкурс за изведба на ново лого кое ќе го претставува сајтот, за кое победничкиот дизајн ќе добие награда од 3000 денари. А кој подобро би го дизајнирал, отколку некој од нашите посетители?

365.com.mk објавува јавен конкурс за изведба на ново лого кое ќе го претставува сајтот, за кое победничкиот дизајн ќе добие награда од 3000 денари. А кој подобро би го дизајнирал, отколку некој од нашите посетители?

 

Секако очекуваме да пристигнат многу разновидни дизајни од целиот свет. За да добиете идеја и подобро да го разберете концептот за логото прочитајте подолу.

Водич

– Логото треба да се идентификува со атрибутите на сајтот(забавна, културна, технолошка содржина) и неговата уникатност
– Логото мора да биде оригинална изработка на оној што ќе го поднесе
– Логото треба да биде уникатно и да не се поистоветува со други логоа
– Логото би требало да асоцира на интернет, компјутери, сурфање и сл.
– Логото треба да е корисно за монохромна и колор медиа, вклучувајќи лимитирани бои(2 или 3 бои)
– Логото не треба да навредува некого сексуално, расно, религиозно, морално или културно
– Логото треба да изгледа добро на црна и бела позадина
– Логото треба да биде визуелно воочливо во помала верзија
– Логото треба да ги содржи бројките 3, 6 и 5
– Tagline-от на 365.com.mk „Вести и информации за современи луѓе“ треба да се земе в предвид, како тој би бил лесно поставен подоцна во долниот дел од логото

Повеќе логоа можат да бидат поднесени од ист дизајнер, но како посебни пријави.
Логото ќе биде избрано од уредниците на сајтот.
Конкурсот е отворен за сите дизајнери, профеционалци и аматери.

Награда: 3000 денари

Рокот за испраќање на логоата завршува на 15 април. Победникот ќе биде објавен на главната страна на 365.com.mk во рок од 8 дена.
Доколку уредниците сметаат дека пријавените дизајни не ги задоволуваат стандардите, конкурсот ќе биде продолжен уште 15 дена.

Форма на испраќање

Секоја субмисија на лого треба да содржи наслов: „Лого конкурс“. Таа треба да ги содржи и следните информации и да биде испратена на editor[at]365.com.mk.

– Векторски фајл во висока резолуција како EPS, SVG или Adobe Illustrator AI (не растер)
– JPG thumbnail со резолуција 640×480
– Црно-бела варијанта на логото
– Дизајнерски концепт и опис на логото
– Комплетното име на дизајнерот и e-mail
– Сите фајлови да бидат доставени во еден .zip или .rar фајл

Copyright

365.com.mk ќе се здобие со сите права на сопственост над победничкото лого, а дизајнерот во замена за парична награда ќе се откаже од сите права поврзани со дизајнот(ќе биде потпишан краток договор).

Со поднесувањето на лого на јавниот конкурс за изработка на лого за 365.com.mk, дизајнерот потврдува дека тој/таа е личноста која го направила логото и вистинскиот сопственик.

Дизајнерот истотака потврдува дека логото не ги прекршува правата на трета странка и не повредува ниту едно авторско право.

Веб страна каде ќе бидат објавувани сите прописно поднесени логоа
http://www.365.com.mk/forum/index.php?topic=553.0

Зошто да учествувате?
365.com.mk го посетуваат преку 5000 сурфери дневно и логото ќе претставува ваша лична промоција и шанса за уште поголем успех во иднина.

Некои идеи и совети
Не го правете комплексно. Нека изгледа чисто и компактно.

Корисни линкови

http://en.wikipedia.org/wiki/Logo


http://www.code-interactive.com/thinker/a112.html

Прашања
Ако имате прашања за овој конкурс, слободно испратете ни мејл на editor[at]365.com.mk и ние ќе ви одговориме во најкраток можен рок.

 

- Реклама -