Некои намирници се како создадени едни за други, додека други можат да ви донесат и здравствени проблеми, па треба да ги избегнувате. Кога е најдобро да јадете овошје, а што никако не смеете да комбинирате едно со друго…
1. Месо со компир
Ова е мошне популарна комбинација која би требало да ја избегнувате, бидејќи протеините се варат во желудникот, а скробот во тенкото црево, па комбинацијата на месо и компир значително го забавува метаболизмот.
2. Млеко и било што друго
Млекото е комплетен оброк и со него не треба ништо друго да јадете. Сепак, лажичка мед и чаша млеко е дозволива, дури и препорачлива против микробите.
3. Кафе и јајца
Ова е многу лоша комбинација со оглед на тоа што полифенолите од кафето ја намалуваат апсорпцијата на железо од јајцата, и новото на калциум во коските.
4. Зеленчук без скроб и млечни производи
Состојките на зеленолисниот зеленчук кој не содржи скроб може да ја блокира апсорцијата на калциум од млекото. Така, наместо со млечни производи, спанаќот комбинирајте го со бело месо и риба.
5. Овошје со било што друго
Овошјето е одличен извор на витамини и антиоксиданти, но содржи и киселини кои доведуваат до ферментација во желудникот, што може да го успори варењето на другите видови храна. Покрај тоа, за да избегнете подуеност, јадете овошје на празен желудник