Животот на Мерилин Монро во стрип

Холивудската легенда Мерилин Монро стана стрип-хероина. На американските киосци вчера се појави стрип кој го илустрира животот на славната актерка.

Станува збор за изданието „Bluewater Comicsa“ кој во серијалот „Tribute“ објавува приказни за ѕвездите од XX век. Претходни јунаци во стрипските-биографии на славните беа и Елизабет Тејлор, Фрaнк Капра, Мајкл Џексон и Џејмс Дин.

Мерилинката е една од најомилените „икони“ на сите времиња и поим за секс-симбол.

[youtube]http://youtu.be/iPVxVuQus7w[/youtube]

- Реклама -