Waterworld, Кина

waterworld1ppAtkin's Architecture Group неодамна ја доби првата награда на интернационалниот натпревар во дизајн со ова извонредно дело, ултра модерна градба во коегзистенција со природната средина.

Atkin's Architecture Group неодамна ја доби првата награда на интернационалниот натпревар во дизајн со ова извонредно дело. 

 

waterworld1

 


Сместено во спектакуларна област со вода во Сонгјианг, Кина, овој хотел со 400 легла е уникатно конструиран во согласност со природните елементи кои го опкружуваат. Подводните јавни места и гостинските соби допринесуваат за оргиналноста, а објектот содржи и многубројни ресторани, кафе барови и спортски објекти.

Најниското ниво има луксузен базен и центар за екстремни спортови, активности како качување по карпи и банџи скокање кое завршува во вода. Со визуелната презентација прикажана овде, не е ни чудо што проектот ја освоил првата награда.

Ова е еден одличен пример на ултра модерна градба во коегзистенција со природната средина. 

 

waterworld

 

- Реклама -