Модниот бренд „Louis Vuitton“ соработуваше со јапонскиот уметник Јајо Кусама со цел да креираат невообичаен полка-концепт за продавницата во Лондон. Последната колекција на престижниот бренд се карактризира со материјали, чанти и чевли кои изобилуваат со црвени, жолти и црни полка точки. Ентериерот на продавницата во целост е прилагоден на најновите модни парчиња, од таванот и подот, до масите и лустерите, а ваквиот изглед на продавницата ќе се задржи до 1-ви октомври.