Безвременски дизајни

3_239-anglepoise-1227Што е тоа што прави некој производ да стане класика? Уредниците на Лондонскиот Phaidon Press се обидоа да најдат дефиниција, а ние ви ја презентираме овде. За дизајни кои никогаш не застаруваат, кликнете на повеќе.

 

3_239-anglepoise-1227
 
Што е тоа што прави некој производ да стане класика? Уредниците на Лондонскиот Phaidon Press се обидоа да најдат дефиниција, а ние ви ја презентираме овде.

Според Phaidon Press дефиницијата за дизајн кој никогаш не застарува: комерцијален објект кој користи иновативни, нови материјали или пак најнова технологија, обединети со безвременска, едноставна форма. Со други зборови, оние дизајни кои денес ги сметаме за класични, некогаш биле радикални. Секако, за навистина да го заслужат “класичниот“ статус, морале да го издржат и временскиот тест, останувајќи на оригиналните линии и форми и поминувајќи преку многу инкарнации. Од 120 години старото свирче до денешниот Ipod еве ја листата на 10-те безвременски дизајни.

1__041-metropolitan-police-


Полициско свирче (1883)


Дизајнирано од Joseph Hudson, Acme Whistles, 1883 до денес


Иновацијата во овој издржан дизајн(сеуште се користи од 120 национални полиции ширум светот) е звукот, кој што може да се чуе дури до три километри. Свирчето може да се држи помеѓу забите, ослободувајќи ги рацете.

2_147-wassily-chair


Баухаус Клуб
Wassily Chair (1925)
Дизајнирано од Marcel Breuer
Standard Mobel 1926 до 28; Gebruder Thonet 1928 до 1932; и Gavina/Knoll 1962 до денес.


Ова навидум обично столче не е само колекционерски сон, туку и извонреден ергономски објект кој бил далеку пред своето време. Ова е дизајнот кој ги исфрли од употреба тешките “Клуб“ столови кои масовно се користеле во 30-тите.



3_239-anglepoise-1227


Електрично тело
Anglepoise 1935
Дизајнирано од George Carwardine


Оваа лампа веруваме ја има скоро во секој дом. Формата претставува човечко тело – горниот дел е глава, базата е телото. Дизајнерот бил инспириран од човечката рака и користел федери кои ја имитирале тензијата на мускулите. Иновација во 1935 година која што е корисна и денес.



4_352-dar


DAR Столче
DAR Chair (1948)
Дизајнирано од Charles и Ray Eames
Herman Miller, 1948 до денес


Тоа што ова столче го прави иновативно е тоа што производителот користел индустриски материјали и процеси, многу свежа идеа во 40-тите. Седиштето на оваа столица е направено од полиестер. Замислата била да се направи стол лесен за производство, удобен, и пред се, со цена која што секој може да си ја дозволи.



5_56155010


Поглед од горе
Routemaster Bus (1954)
Дизајнирано од A A M Durant
Park Royal & AEO, 1959 до 1968


Дизајниран за лесна маневрација по Лондонските тесни улици, овој модел е стандард кога зборуваме двоспратни автобуси. Формата е помала и полесна од претходните верзии, благодарение на заоблените ивици.




6_547-t120-bonneville

Born to Be Wild
T120 Bonneville (1959)
Дизајнирано од Triumph Design Team
Triumph 1959 до 1983


Овој моторцикл, со својот V-мотор, бил толку влијателен што Harley-Davidson ги редизајнирале своите моторцикли за да можат да конкурираат. Компактен, T120 Bonneville го сметале за чудо на тогашната технологија и дизајн.



7_567-table-type-soy-sauce-


Секојдневна елеганција
The Table Type Soy Sauce Bottle (1960)
Дизајнирано од Kenji Ekuan од GK Design Group
Kikkoman 1961 до денес


Тоа што го одвојува ова шише од другите е неговата позната силуета, направена само со една замисла – функционалност. Широката база го прави многу стабилно, а капачето е направено така што не дозволува неконтролирано истурање.



8_766-bic-lighter


Запали ме
Bic ® lighter (1973)
Дизајнирано од Flaminaire Design Team
Произведено од Bic 1973 до денес


Процесот на палење кај оваа запалка е пештерска технологија. Тоа што го разликувало од другите е фактот што била дизајнирана за да можете да ја фрлате (за да му ја додате некому) и што била лесна за менување. Оригинално изработена од Францускиот производите Flaminaire, подоцна купен од Bic, секој ден се продаваат околу 4 милиони!



9_843-apple-macintosh


Mac Daddy
Apple MacIntosh (1984)
Дизајнирано од Hartmut Esslinger, frogdesign
Apple Computer 1984 до 1987


Има ли нешто да се каже, а да не е веќе кажано за компјутерот кој што комплетно го промени светот. Производ кој што ја сигнализираше иднината на домашните компјутери – компактни, лесни за користење машини.



10_968-air-chair


Модерна инјекција
Air Chair (1999)
Дизајнирано од Jasper Morrison
Magis 2000 до денес


Следејќи ја идеата на Charles и Ray Eames за ефтин, масовно произведен мебел, Британскиот дизајнер Jasper Morrison експериментирал со новата технологија и нашол многу генијален начин да го изработи ова столче. Имено, со инјектирање на течна пластика потпомогнато од гас, ова столче се призведува буквално за неколку минути. Пократка продукција значи и помала цена за конзументите.
 

 

11_979-ipod

 


Перфектниот уред
iPod (2001)
Дизајнирано од Jonathan Ive и Apple Design Team
Apple Computer 2001 до денес


Веројатно најнов и најпопуларен пример за “класичен дизајн“. Едноставност, корисност и нова технологија го карактеризираат овој револуционерен производ.  Употребата на бела боја и хромирани материјали, симболи на чистота и футуризам, ни даваат до знаење колку дизајнерите на Apple се авантгардни.

 

 

- Реклама -