Запознајте го новиот социјален броусер RockMelt

СофтверRockMelt, најновиот интернет прелистувач кој “живее” во облакот е дефиниција за иднината на синхронизирано и интегрирано користење на интернетот. Убавината во RockMelt е во тоа што тој користи Facebook автентикација за да го синхронизира сурферското искуство на корисниците без разлика на кој компјутер се наоѓате.


RockMelt, најновиот интернет прелистувач кој “живее” во облакот е дефиниција за иднината на синхронизирано и интегрирано користење на интернетот. Убавината во RockMelt е во тоа што тој користи Facebook автентикација за да го синхронизира сурферското искуство на корисниците без разлика на кој компјутер се наоѓате.

RockMelt Browser

Изграден е околу филозофијата дека сите броусери се со поминат рок и не се компатибилни со нашиот начин на сурфање на интернет. Покрај сè, сурфањето е секојдневна интерактивна, пасивна активност која сакаме да ја доживееме на пријатен начин.

Луѓето што го користат Google Chrome ќе се чувствуваат како дома затоа што RockMelt е изграден на Chromium, open source проект од кој потекнува Google Chrome броусерот. Разликата е во тоа што има две менија од левата и десната страна.
Левата страна ги прикажува вашите Facebook контакти. Кога ќе кликнете на некој контакт, веднаш имате можност да отворите chat со него или да напишете нешто на неговиот “wall”. Опцијата за лесно испраќање на електронска пошта е исто така присутна.
Од десната страна е лентата за омилените линкови (bookmarks). Сите податоци се чуваат во облакот на информации, што значи интерактивното искуство со овој прелистувач останува исто без разлика каде и да го отворите. Исто така, RocketMelt ги користи сите екстензии од Google Chrome.
RockMelt моментално е во лимитирана бета фаза, но постои можност да се пријавите за покана. Погледнете го ова демонстративно видео за да дознаете повеќе. [RocketMelt]

{youtube}bAPKPhoTqFY{/youtube}
виа Mashable
Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android
- Реклама -