Dropbox: Направете синхронизација и резервни копии на вашите фајлови

софтверБесплатната апликација и веб сервис Dropbox инстантно ќе направи бекап на вашите фајлови и ќе ги синхронизира преку интернет, односно на било кој компјутер или смартфон (Windows, Linux или Mac).

dropbox21Бесплатната апликација и веб сервис Dropbox инстантно ќе направи бекап на вашите фајлови и ќе ги синхронизира преку интернет, односно на било кој компјутер или смартфон (Windows, Linux или Mac).

Откога ќе ја инсталирате апликацијата, таа ќе направи dropbox фолдер на вашиот хард диск. Секој фајл што ќе го ставите внатре автоматски ќе биде надгледуван за промени, така што секој пат кога ќе го измените, промената ќе биде зачувана и бекапирана, а фајлот синхронизиран.

Уште подобро, Dropbox ќе ги зачува сите верзии од фајлот во историја, така што ако случајно го зачувате/избришете фајлот и сакате да се вратите на постара верзија, Dropbox лесно ќе го направи тоа за вас.

Секој фајл синхронизиран со Dropbox ќе биде достапен на секој компјутер преку интерфејсот на сајтот. За вашите фајлови, ќе имате 2GB простор бесплатно, со можност за доплата до 100GB.
{youtube}OFb0NaeRmdg{/youtube}
За крај, на фајловите може да работите и офлајн додека немате интернет конекција. Само делот со промените во фајловите ќе биде синхронизиран кога интернетот ќе се врати.

Фајловите и фолдерите дополнително можат да бидат и споделени со луѓе кои ќе ги поканите. [Dropbox.com]

- Реклама -