Тоа го направи Нил Армстронг пред 40 години, а сега и вие можете да ги
направите првите виртуелни чекори на површината на Месечината преку новата опција на Google Earth. За да ја обележи 40 – годишнината од стапнувањето на Месечината, Google додаде интерактивен 3D атлас за виртуелно патување на Месечината во програмата Google Earth.

направите првите виртуелни чекори на површината на Месечината преку
новата опција на Google Earth. За да ја обележи 40 – годишнината од
стапнувањето на Месечината, Google додаде интерактивен 3D атлас за
виртуелно патување на Месечината во програмата Google Earth.
Месечината така му се придружи на Марс, кој веќе некое време постои како опција во Google Earth, кој се повеќе се ослободува од земските ограничувања и се свртува кон Сончевиот систем.
Заедно со можноста да се прегледуваат сликите на Месечината снимени за време на мисијата на Аполо, Google ја додаде и можноста за следење на слетувањето на Месечината во склоп на програмата Apollo, видео исечоци, тродимензионални модели на лунарните модули и уште многу други опции.
Најновата верзија на Google Earth (5.0) можете да ја преземете тука, а преку иконите во облик на планети можете да изберете да одите на виртуелено патување на Земјата, Марс, Месечината или небеските пространства. Некои од материјалите кои се додадени во новиот Google Earth, можете да ги погледнете на www.google.com/moon/, без да морате да инсталирате додатен софтвер.
{youtube}zHJ77RsnFXI&feature=player_embedded{/youtube}