Најбрзата здрава диета

Најбрза и најздрава диета? Да, можно е!

Вечната дилема дали истовремено може брзо и здраво да ослабете доби одговор – можете во краток рок да ги постигнете посакуваните резултати, а при тоа да не го загрозите здравјето ако се придржувате до овие совети.

На Интернет постојат илјадници диети и варијации, но на секоја ѝ недостасува нешто. Вистинската диета не смее да ги изостава протеините, јаглени хидратите или мастите. Потребно е да содржат дијапазон на намирници. Од житарки, зеленчук, овошје, јајца, месо, млеко и млечни производи. Храната треба да биде функционална, а количините треба да се одредат според потребите на секој поединец затоа што сите имаме различна потреба за енергија и нутритиенти.

Healthy-Food_C

Функционална храна е онаа храна што позитивно влијае на нашето здравје и поединечни телесни функции. Тука спаѓаат каротен, лутеин, ликопен, диетални влакна, омега 3 масни киселини, витамини и антиоксиданси, фитоестогени, пробиотици, калциум…

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Важно е освен во изборот на намирници да внимавате и на бројот на калории што ги внесувате.

Диета што ги почитува овие препораки:

Појадок: 2 лажици овесни или пченкарни снегулки+чаша јогурт+мала чаша сок од портокал

gty_orange_juice_thg_111214_wg

Ужина: една до две средни овошја, на пример јаболко, портокал, праска (пред ручекот и пред вечерата)

Ручек: Чинија супа+пилешко филе на скара+зелена салата со млад кромид и ротквици зачинета со маслиново масло+1 парче интегрален леб со семки

Вечера: Омлет од белки со шампињони+1 парче интегрален леб со семки+чаша јогурт

- Реклама -