Ѕвездата на Барселона, Лео Меси во јуни и јули ќе одигра неколку хуманитарни натпревари во Колумбија, Перу и САД.
Аргентинецот минатата година одигра егзибициони натпревари во Јужна Америка и помогна да се соберат пари за неколку хуманитарни организации.
Традицијата ќе продолжи и оваа година, Лео Меси и пријателите во јуни и јули ќе одиграат неколку средби во Колумбија, Перу и САД.
Настанот кој се вика ‘Меси и Пријателите 2’ ќе започне на 29. јуни во Меделин, Колумбија.
Потоа на 2. јули ќе биде одигран натпревар во Лима, главниот град на Перу, турнејата потоа продолжува во САД, на 4. јули е закажана средба во Лос Анџелес и уште една на 6. јули во Чикаго.
Познати се и детали за првиот натпревар во Меделин, тимот на Меси ќе биде предводен од Фабио Капело, додека пак тимот на ’остатокот од светот’ ќе го предводи Зико.
На Лео Меси ќе му се приклучат неговите сонародници Кун Агуеро, Хавиер Маскерано, Емилиано Инсуа, Мартин Демикелис, Агустин Орион, Рикардо Алварес и Пабло Аимар,
Робињо ќе биде капитен на ’остатокот од светот’ а на средбата учество ќе земат и ѕвезди како Диего, Антонио Касано, Даниел Освалдо, Марко Матераци, Ерик Абидал, Марек Хамшик и Бојан Кркиќ.
На дуелот исто така ќе настапат и неколку фудбалери од Колумбија, помеѓу кои Џејмс Родригез, Дорлан Пабон, Џон Фиафара, Марио Јепес, Џовани Ернандес и Макнели Торес.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал