Уредите на „Samsung“ се познати по пластичните куќишта кои речиси и станаа главни одбележја на компанијата. Меѓутоа, сајтот „Sam Mobile“ неодамна објави информација дека Galaxy Note III ќе има метално куќиште.
Истиот извор тврди дека Samsung работел и на метално куќиште за Galaxy S4, но дека тој дизајн бил отфрлен бидејќи компанијата не била во состојба за толку кратко време да изработи толку многу примероци за уредот.
Note IV судејќи по најновите гласини би требало да има екран со големина од 15 cm, Exynos 5 octa core procesor, камера од 13 мегапиксели и најнова верзија на Android.
Galaxy Note III се уште не е официјално најавен, но со оглед на тоа дека Note II е претставен во август 2012 година, нема да помине уште долго време пред Samsung да ги потврди или демантира овие гласини.