Според iTWire,
можеме да очекуваме навистина да се потрошиме за крајната верзија на
Виндоус Виста. Овој оперативен систем од Микрософт би чинел $450, што е
најверојатно и повеќе од цената на еден просечен компјутер, но во
споредба со цената на XP(300$), не е драстично зголемување.
Според iTWire, можеме да очекуваме навистина да се потрошиме за крајната верзија на Виндоус Виста. Овој оперативен систем од Микрософт би чинел $450, што е најверојатно и повеќе од цената на еден просечен компјутер, но во споредба со цената на XP(300$), не е драстично зголемување.
Покрај Vista na пазарот ќе излезе и новиот Office 2007. Со овој продукт корисниците ќе ги добијат горе/долу истите пакети кои ги има и во Office 2003, плус една или две интересни апликации како Groove collaboration софтверот. Сите овие перфектно компонирани битови и бајти можат да бидат ваши за само $679, по цена на еден релативно добар компјутер.
Новините во Vista се видно поправената сигурност и пријателската настроеност која ја има и во XP, но сега на ултимативно ниво. Vista ќе содржи и интегрира скоро се: Windows Media center, Tablet PC подршка, интегрирано пребарување, плус уште еден куп работи кои најверојатно никогаш нема да ги користите, но влегуваат во крајната цена.
Сума-сумарум, ако сакате да купите нов компјутер со Windows Vista i Office 2007, најверојатно ќе треба да платите повеќе за софтверот отколку за хардверските компоненти.