Колку партнери сте имале до сега?

За поранешните љубови на сегашните партнери, мажите и жените имаат поинакви ставови, покажуваат истражувањата.

Жените сакаат да знаат се за поранешните девојки на нивните момчиња, од фотографии до детали, додека мажите воглавно ниту прашуваат, ниту сакаат да знаат.

Во броеви тоа изгледа вака: 70% од мажите не сакаат да знаат ништо за сексуалното минато на нивните партнерки, додека кај жената тој процент е само 30%.

Истражувањата покажуваат дека двата пола лажат кога е во прашање бројот на поранешни партнери. Жените претежно го смалуваат реалниот број, додека кај мажите се случува спротивното, најчесто бидејќи не сакаат да се сомневаат во нивната машкост или вештина на заведување.

female-promiscuity (1)

Сепак, дали знаете кој е „идеалниот“ број на поранешни, односно со колку луѓе треба да имате врска, пред да го најдете „вистинскиот“?

Научниците тврдат дека десет поранешни е идеален број и за мажи и за жени. Помалку од тоа би укажувало на неискуство, а повеќе би се протолкувало како промискуитетно однесување, велат експертите. Психолозите тврдат дека без обзир на слободоумноста и широките сфаќања, повеќето луѓе длабоко во себе не го одобруваат премногу слободното сексуално однесување.

Интересно е дека дури две третини од испитаниците изјавиле дека порадо би излегувале со личност која нема пребогато сексуално искуство. Само 3% би се впуштиле во врска со личност која имала преку 30 партнери, а резултатите покажале дека мажите се помалку толерантни во однос на промискуитетното однесување од девојките.

- Реклама -