Internet Explorer со нова „бубачка“

microsoft-spam-bbc-websense-eeye-internet_explorer_sciBBC ги предупреди интернет
корисниците дека спем мејл кој содржи BBC вести се користи да ги намами
да посетат сајтови кои би можеле да ја превземат контролата на нивниот
компјутер.


bbc1 BBC ги предупреди интернет корисниците дека спем мејл кој содржи BBC вести се користи да ги намами да посетат сајтови кои би можеле да ја превземат контролата на нивниот компјутер.
 
Според сајтот на BBC во соопштението се вели: „Сајбер криминалците во своите пораки ја користат новооткриената дупка во Микрософт Интернет Експлорер. Ако корисниците кликнат на линкот, тие се пренасочени до вебсајт кој инсталира софтвер што може да ја надгледува нивната финансиска активност“.
Користејќи глобални фирми како BBC да се намамат сурферите е редовна практика според Марк Муртог, технички директор на Websense.
„Видовме сличен пристап минатата година по ураганот Катрина, кога беа испраќани лажни мејлови од Црвениот Крст“ – вели тој.
 
BBC потврди дека тоа не е првпат нивното име да биде употребено за злоупотребите на хакерите.
- Реклама -