Италијанската кујна е меѓу најомилените во светот. Ако особено сте љубител на тестенините пробајте шпагети карбонара.
Состојки: 400г шпагети, 140г сланина, 4 жолчки, 100мл слатка павлака, сол, бибер, 2 лажици маслиново масло, 80г пармезан
Подготовка: Исечете ја сланината на коцки, испржете ја на загреано масло додека не стане крцкава. Сланината и маслото прелијте ги врз претходно сварените шпагети. Жолчките сматете ги со павлаката, сирењето и зачините. Измешајте со шпагетите. Одозгора додадете пармезан.
Добар апетит!