Lytro ќе ја револуционеризира дигиталната фотографија (видео)

 Lytro ќе ја револуционеризира дигиталната фотографија (видео)Со нов вид на фотоапарат, Lytro планира да ги отстрани главоболките од фокусирање при фотографирање со дигиталните камери. Lytro е стартап од Силиконската долина, кој се надева дека следната година ќе ја смени дигиталната индустрија со нивните камери.

Овие камери ќе ги опфатат бојата, интензитетот и насоката на индивидуалните светлосни зраци со помош на Light Field технологијата, дозволувајќи му на корисникот да ја рефокусира фотографијата и откако таа била направена.

 Lytro ќе ја револуционеризира дигиталната фотографија (видео)
Еве пример од технологијата во акција. Кликнете било каде на фотографијата подолу за да ја смените фокусната точка (кафето или човекот на пример).

Дигиталните камери Lytro работат одлично и без блиц, а може да продуцираат и 3Д фотографии.

Засега, можете да нарачате еден од трите модели на www.lytro.com (8GB или 16GB). Испораката ќе започне на почетокот на 2012.

{youtube}Yl8YJkclhuU{/youtube}
Што мислите вие за Lytro? Дали оваа Light Field технологија навистина би можела да ја револуционеризира фотографијата каква што ја познаваме? Полето за коментари е подолу 🙂

- Реклама -