Револуција: Решете се од подочниците за 10 минути

Подочниците настануваат од повеќе причини. Лоши гени, начин на живот, на пример, бројни непреспиени ноќи и големо количество кофеин.

Освен различните трикови и класичните операции, од неодамна постои револуционерен метод со кој може да се избегнат можните последици од скапите операции како што се создавање набори околу очите поради затегнување на кожата, промена на формата на очите и можноста од повторно појавување на подочниците.

Методот „нехируршка корекција на подочниците“ ги отстранува ќесите под очите и темните подочници и тоа само за десет минути. Доктор Никола Милојевиќ од клиниката „Мило“ во Лондон тврди дека лицето што ќе го направи овој третман за десет минути ќе изгледа седум години помладо.

eyes

„Зафатот се изведува на пределот што почнува од носот и продолжува во пределот под окото. Подочниците стануваат се повидливи со годините затоа што кожата се опушта, а под очите се собира маснотија. Хируршката интервенција го отстранува масното ткиво, но не ги покрива темните кругови под очите“, објаснува тој.

Кога станува збор за новиот метод, прво во подрачјето на долниот капак, непосредно над коската на очната шуплина, со тенка игла се вбризгува филер „Перлане“. Потоа внимателно се обликува со масирање на третираното подрачје, а резултатите се одлични. Видливи се веднаш и траат 12 месеци. Непосакувани дејства се благи отоци, но цената е далеку пониска. Додека класичната хируршка интервенција во Велика Британија чини колу 4 000 фунти или околу 4 7000 евра, новиот метод чини 500 фунти или околу 600 евра.

 

 

- Реклама -