Доколку некогаш поминувате од градот Батуми во Грузија, не заборавајте да застанете на новата бензиска станица и да си нарачате еден Биг Мек додека сте таму. Станицата која е комбинирана со „McDonald’s“ ресторан, не е како останатите обични бензиски во светот. Напротив, чувството е повеќе како да сте посетиле некој модерен музеј или значаен културен објект. За градбата да се комплетира беа потребни три години, а е дизајнирана од грузискиот архитект Ѓорѓи Камалаџе.