Американскиот софтверски гигант Microsoft развива сопствен мини таблет со екран од седум инчи, објави „The Wall Street Journal“.
Сериското производство на таблетот, што ќе работи на оперативен систем „Windows 8“, би можело да почне на крајот на оваа година.
Извор за „The Wall Street Journal“ рекол дека таблетот не бил дел од стратегијата на компанијата минатата година, но раководителите сфатиле дека е потребен одговор на сѐ попопуларните мали таблети, како Nexus на Google од седум инчи и iPad Mini на Apple од 7,9 инчи.
„The Wall Street Journal“ потсетува дека Microsoft својот прв таблет, под назив Suface, го претстави во јуни минатата година.
Експертите сѐ уште не ја прогнозираат цената на новиот таблет, но укажуваат дека најверојатно ќе чини помалку од сличните уреди на Apple и Google.