Во 4 потези до пролетни „smokey eyes“ ефекти

Со пристигнувањето на пролетта едвај ги дочекавме живите и пастелни бои кои го подобруваат расположението и даваат свежина. Токму поради тоа боите треба да се најдат и на вашето лице и тоа во форма на сенки и моливи за очи. Дознајте како со само четири потези да постигнете најубави пролетни „smokey eyes“.

sminka12

1. Сенка во некоја жива пролетна боја со широка четка нанесете рамномерно на целиот капак. Препорачуваме виолетова или циклама, но може да се поиграте и со зелена или тиркизна боја.

2. Обликувајте го окото со светло син или зелен молив за очи и тоа горниот и долниот капак од почетокот до крајот. Размачкајте го моливот со прст или тенок апликатор за да ги ублажите острите линии.

60788910-make-up-sminka-sjenilo-oci-proljece-boje-olovka

3. На долниот дел од окото нанесете црн молив како и на горниот внатрешен агол на окото. Ако сте доволно умешни на горниот дел на окото може да нанесете туш наместо молив.

4.За да ги нагласите очите во целост нанесете маскара на трепките. Таа се нанесува во два слоја и тоа наизменично еднот па другото око. Маскарата нанесете ја и на долните трепки, но многу лесно и внимателно за да не ви се размачка.

sminka

- Реклама -