Психологија на боите: Кафената ги буди страстите, сината носи мир во домот

Жолтата е идеална боја за кујната затоа што ја чува виткоста, а воедно е многу гостољубива. Кафената ги буди страстите и е идеална за спалната соба, но во малите соби никако не функционира.

Црвената боја го буди апетитот и поттикнува на разговор и е идеална за простории во кои се јаде и се дружи како на пример трпезариите, советуваат дизајнерите. Ако идејата за црвени ѕидови ви е премногу смела, ѕидовите обоени во беж или бела боја секогаш може да ги дополните со црвени ормани. Бојата е моќен алат со кој може да разбудите емоции, создадете илузија за пространост или саканата атмосфера.

interior_dining-red-walls

Што се однесува до кујните, нив е идеално да ги обоите во боја за која ве врзуваат убави сеќавања од детството. Ако се сеќавате на мирисот на колачиња од кујната на баба ви во текот на летните празници, пристете се на бојата на нејзините ѕидови и искористете ги во вашиот дом.

kitchen-cabinets-modern-yellow-003-s3253938-tile-backsplash

Во собите за одмор и опуштање, како на пример спалната или купатилото, искористете ги боите што ќе придонесат за посмирена атмосфера – идеални се светлите нијанси на сина, зелена или лаванда. Исто така, купатилото може да го обоите во бојата која најдобро ви прилега кога станува збор за гардеробата.

blue-bedroom-design-500x506

За да создадете удобна атмосфера, дневната соба обојте ја со топли нијанси на жолта и портокалова, како и земјени тонови како светлокафена или беж. Жолтата е совршена за ходникот, ќе им посакате на гостите добредојде, а вам при излегување од дома ќе ви се подобри расположението.

Fotos do Hotel Yacamin Foto Paulo Vitale2 009

Боите може да го загреат, односно да го оладат просторот. Собите кои гледаат на север примаат малку светлина па загрејте ги со топли бои, а оние што гледаат на југ може да ги оладите со сини и зелени тонови.

Fresh-Living-Room

Светлите, студени бои визуелно ќе ги зголемат малите простории. На пример, наместо темно виолетова изберете нежна лаванда затоа што темната ќе го намали просторот.

Purple-Living-Room-Interior-Decoration-with-Contemporary-Style
Сина
Омилена на мажите
Делува смирувачки
Идеална е за канцеларија
Го намалува апетитот

Жолта
Топла и разиграна
Предизвикува замор на очите
Делува раздразнувачки па не се препорачува за детски соби

Црвена
Создава силни емоции
Го поттикнува апетитот и е честа во рестораните
Интензивните нијанси будат страсти
Резултатите од испити кои се спроведуваат во црвени простории се полоши од просекот

- Реклама -