Знаеме дека туку што започна пролетта, но сепак, дестинацијата за која сме сигурни дека веднаш ќе ве освои и ќе направи да посакате да ја посетите ви ја покажуваме навремено, за доколку се решите да го направите тоа ова лето, уште сега да започнете да ја „полните касичката“. Овие волшебни тајландски острови во светот познати под името Фи Фи, претставуваат една од најегзотичните дестинации на нашата планета. Белите песочни плажи и тиркизната вода, се збогатени со високи карпи над кои виреат прекрасни дрвја и пространи зелени површини. Фи Фи островите се наоѓаат во близина на најголемиот остров Пукет, а плажата Маја, на која е снимен познатот филмски хит „The Beach“ со Леонардо Ди Каприо, се вбројува во една од најубавите плажи во светот.