Кинескиот „Xiaomi MI-2S“ е побрз од „Galaxy S4“?

Кинескиот произведувач на телефони „Xiaomi“, го претстави моделот „MI-2S“ за кој тврди дека е побрз од „Samsung Galaxy S4“, а како доказ ги приложил и направените тестови.

„MI-2S“ поседува quad core Krait 300 процесор кој е наместен на 1.7GHz, и судејќи според податоците кои ги претставил „Xiaomi“, е побрз од „Galaxy S4“ кој поседува 1.9 GHz Krait 300 CPU.

Новиот телефон доаѓа во две верзии, со 32 GB простор за складирање на податоци од 13 мегапиксели со цена од 370 долари, и верзија со 16 GB простор за складирање на податоци и камера од 8 мегапиксели со цена од 320 долари.

Покрај тоа, „MI-2S“ има 4.3 инчен 720p дисплеј, MIUI 5 кориснички интерфејс базиран на Android 4.1, 2GB RAM и батерија од 2.000mAh.

Единствениот проблем за сите оние на кои ова им се чини интересно е фактот што „Xiaomi“ телефоните е навистина тешко да се најдат и надвор од Кина.

- Реклама -