Renault подготвува уште помоќно Clio RS

Инженерите и дизајнерите на Renault започнаа да работат на создавање на специјална набилдана верзија на Clio RS, под името Gordini.

Renault Clio RS Gordini ќе биде најмоќната и најбрза модификација во историјата на моделот. Автомобилот ќе смета на четирицилиндерски бензински мотор со зафатнина од 1.6 литри со директно вбризгување на горивото и турбо полнач. Моќноста на агрегатот ќе биде околу 220 КЅ, што е за 20 „коњи“ повеќе од сегашната верзија на Clio RS. Вртежниот момент ќе се пренесува на предната оска преку рачен или со роботизиран менувач со двојна кохезија. За стандардна Clio RS рачната трансмисија не е достапна.

805_Renault-Gordini-470-2

Освен модернизација на моторот Renault Clio RS Gordini ќе има „поостра“ суспензија со тврди пружини, а исто така и моќни сопирачки Brembo со механизми на сите четири тркала. Освен тоа, моделот ќе добие нови аеродинамични елементи и спортски Recaro „фотелји“. Како што прилега на претставник на линијата Gordini, каросеријата ќе биде обоена во сино со дополнителни две бели линии.

341_Renault-Clio-RS-470-3

Фановите на Renault ќе го видат Clio RS Gordini на некој од европските автосалони во 2014 година. Потсетуваме дека верзија со слична моќ развиваат и инженерите на Williams.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -