„Microsoft“ се подготвува за претставувањето на наредниот „Xbox 720“ или „Durango“, кое би требало да биде одржано на 21 мај.
Аналитичарот Пол Турот тврди дека 21 мај ќе биде датумот кога овој „генијален изум на Microsoft“ ќе ја види светлоста на денот, а според неговите проценки ќе се најде на пазарот на почетокот на ноември.
Кога е цената во прашање, веројатно нема да биде прифатлива за сечиј вкус со оглед на тоа што ќе изнесува 500 долари.
Меѓутоа, Турот го споменал и можното претставување на третиот „Xbox“ уред под името „Xbox 360“ со цена од 99 долари.
Уште една од гласините кои во последно време се почесто можат да се прочитаат, е информацијата дека Xbox Цело време ќе биде поврзан со интернет.