10 нови фотографии за кои нема да поверувате дека не се фотошопирани

Нефотошопирано Живееме во време кога и за најобичните фотографии што ќе ги видите во некој медиум, мора да се посомневате дека се барем обработени со алатката над алатките. Па, според тоа, кога ќе се појави некоја автентична, а неверојатна фотографија, тешко ни е да поверуваме оти не е фотошопирана. Следат уште 10 такви случаи.


Живееме во време кога и за најобичните фотографии што ќе ги видите во некој медиум, мора да се посомневате дека се барем обработени со алатката над алатките. Па, според тоа, кога ќе се појави некоја автентична, а неверојатна фотографија (1, 2, 3, 4, 5), тешко ни е да поверуваме оти не е фотошопирана. Следат уште 10 такви случаи:

10. Најхардкор играчка
 Најхардкор играчка
Ова не ни наликува на фотошоп. Повеќе излгеда како масло на платно. Но, сепак се работи за фотографија и тоа потполно необработена. Ова е сцена од операта „Еден маскенбал“, во која Смртта ја чита книгата на животот.

9. „Батали трката, јас заминав!“
„Батали трката, јас заминав!“
Не, ова не е обид да се претстави Исус како учесник во трка со бродови. Ова е само добро темпирана фотографија, на еден миг пред учесникот во трката да потоне во вода. Кога новинарите подоцна зборувале со него во болница, им кажал дека прво нешто што му паднало на ум при падот е – како да го направи глисерот на неговиот пријател побрз. Добро е кога луѓето учат од грешките, нели?

8. Причината поради која автоосигурувањето станува поскапо
Причината поради која автоосигурувањето станува поскапо
Овој уницикл е изум на осумнаесетгодишно момче. Додека неговите врсници бркаат девојки, тој конструирал возило кое се забрзува и забавува со навалување на телото (како и Сегвејот). Умно потрошено време?

7. Лампиони во Мароко
Лампиони во Мароко
Ова изгледа како лош фотошоп одговор од некој татко на прашањето – од каде доаѓаат козите? Се работи за фотографија од Мароко, а тоа се вистински кози кои се качувале на дрвјата, кога храната на земја станала толку ретка што не можеле да ја најдат.

6. Летечки гениталии
Летечки гениталии
Се лажете ако помисливте оти ова е фотошоп дело направено од 10 годишно дете. Во случај ако не го видовте овој инцидент на вести, се работи за прес-конференција која ја држеше поранешниот шахист а сегашен политичар Гари Каспаров. Тогаш беше нападнат од леталото кое стана познато како пенископтер.

5. „Господине, да не го промашивте семафорот?“
„Господине, да не го промашивте семафорот?“
Не е фотошоп, но се разбира, не е ниту вистински семафор. Се работи за скулптура поставена во средината на кружен тек во Англија.

4. Спортот кој мора да го пробате барем еднаш во животот
Спортот кој мора да го пробате барем еднаш во животот
Ако некој ви ја покажел сликава вчера, ќе речевте – лош фотошоп! Арно ама, трките со ноеви се вистински спорт во повеќе земји. Веројатно, возбудата од гледање ваква трка доаѓа од очекувањето на кој џокеј прв ќе му биде истерано окото.

3. Комбинација на човечка и мермерна ДНК
Комбинација на човечка и мермерна ДНК
Не се работи за ефектот „ролетни“ во фотошоп. Ова се скалите на музејот во Филаделфија, декорирани за изложбата на дела од Дали…. и за да ги плашат случајните минувачи.

2. Планината ја имитира Мерлин Монро
Планината ја имитира Мерлин Монро
Повторно, се работи за лентикуларен облак, кој може да се оформи на прилично чудни начини.

1. „Не сакав инстант!“
„Не сакав инстант!“
Ова е вистински производ. Се произведува во Кина и уште неколку азијски земји. Се испостави оти терминот „еврејско уво“ е колоквијализам кој во Азија се користи како име за еден вид габа, кој според продажбата се чини дека е прилично вкусен!

- Реклама -