6 тајни на префинетиот и отмен стил на Одри Хепберн

Со својот софистициран изглед и добри манири Одри Хепберн ги постави мерилата како треба да изгледа една дама. Таа и денес е икона на женственоста и пример на многу припаднички на понежниот пол кои не сакаат слепо да ги пратат трендовите.

Познатата актерка често пати во интервјуа истакнуваше кои се одликите на една дама со стил и наведуваше што е потребно за да се постигне отмен изглед. Еве ги нејзините совети:

Гардероба

audrey-hepburn

Одри секогаш носела гардероба што ѝ прилега, никогаш не купувала облека со помал или поголем конфекциски број. Постојано истакнувала дека удобноста ѝ е прво мерило кога одбира гардероба.

Совет: Носете го тоа што вас ви се допаѓа и што најдобро ви стои. Со гардеробата треба да го истакнете тоа што е најубаво на вашето тело. Не им робувајте на модерните парчиња само за да бидете во тек со трендовите. Потрудете се да изградите сопствен стил.

Балетанки

tumblr_ldg4iieKQ31qbilh4o1_500

Иако чевлите со висока штикла отсекогаш биле симбол на женственоста, Одри покажа дека и во балетанки може да изгледате префинето.

Совет: Спуштете се од штикли, ќе се движите полесно и побрзо. Во балетанки изгледате женствено, елегантно, но и урбано. Може да ги носите во секоја комбинација.

Очила

H5yLD

Сетете се на Одри Хепберн во филмот „Појадок кај Тифани“ во кој пленеше со својот прекрасен изглед и преслатко лице на кое се истакнуваа големи очила.

Совет: Дополнете ја вашата колекција на очила за сонце со еден модел со големи стакла затоа што токму такви очила ѝ даваат на жената дамски и по малку мистериозен изглед.

Дизајнери

audrey_hepburn_ballet_flats_shoes

Сакала да носи брендирана гардероба со потписот на „Givenchy“ и накит од „Tiffany“ и „Cartier“, но често влегувала и во бутици во кои не се продавала дизајнирана гардероба. Уживала во тоа да пронаоѓа непознати трговски марки и токму таа да ги промовира на џет-сет забавите.

Совет: Уметноста на облекување е во тоа вешто да ги искомбинирате облеката и аксесоарите, а не во носењето на модели со потпис на некој светски познат креатор. Не е потребно сѐ што имате да биде со врвен квалитет.

Нега

Audrey-Hepburn-audrey-hepburn-21766766-1796-2400

Одри секогаш имала средени веѓи и совршено маникирани раце. Шминката ѝ била во втор план.

Совет: Не е сѐ во шминкањето, луѓето околу вас нека забележат дека сте негувани и уредни.

Став

23 classic fashion audrey

Одразот на личноста на Одри беа токму нејзиниот став и држење.

Совет: Исправете се. Доброто држење е многу важно за впечатокот што го оставате.

Audrey Hepburn French Look

И за крај една позната изрека на славната актерка: „Ако сакаш да имаш прекрасни усни, кажувај само љубезни зборови. За блескав поглед пресудно е да го бараш само доброто во луѓето. Ќе имаш витка става ако ја делиш храната со гладните. Ако сакаш квалитетна коса, дозволи им на твоите деца да ја чешлаат“.

- Реклама -