Chevrolet го обновува легендарниот бренд

Концернот General Motors поднесе барање до Американската патент канцеларија за регистрација на брендот Chevelle, кој најверојатно ќе се користи за некој од следните модели на Chevrolet. Ова го соопшти посебното издание GM Authority.

Најверојатно името на легендарниот модел од 60-тите и 70-тите години на минатиот век ќе се користи за автомобилот, кој ќе го замени спортскиот седан Chevrolet SS, прикажан во февруари оваа година. Машината, чии продажби стартуваат во текот на летото, се потпира на V8 мотор со моќност 420 КЅ од претходната генерација на Corvette. Според други информации, името Chevelle може да го добие сосем ново спортско купе, кое во моментов се подготвува од General Motors. Овој модел треба да биде изграден врз база на концептот Chevrolet Code 130R и да му конкурира на спортскиот Toyota GT86.

422_Chevrolet-Chevelle-470-2

Прототипот Code 130R се потпира на 1.4 литарски турбо мотор со моќност од 150 КЅ. Тој беше прикажан на салонот во Детроит пред една година, а претставува спортски автомобил наменет за младата популација.

339_Chevrolet-Chevelle-470-1

General Motors го произведуваше моделот Chevrolet Chevelle од 1964 до 1977 година во неколку модификации – купе, седан и кабриолет. Постои и набилдана верзија – SS (Super Sport). Во 1977 година Chevelle е заменет од моделот Malibu.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -