Ако секој ден изедете по седум ореви, ќе ги намалите шансите за срцев удар.
„Оревите се подобри и поздрави од кикириките и бадемите. Една шака ореви има двојно повеќе антиоксиданси од било кое јаткасто овошје“, вели Џо Винсон од универзитетот во Пенсилванија.
Според него, оревите се одлична замена за месо, па вегетаријанците би требало почесто да ги конзумираат.
Освен што го намалуваат ризикот од болести на срцето, оревите го намалуваат и ризикот од рак и од висок притисок.