Под мотото „Discover the Full Story“ (Истражи ја целосно приказната), „Saatchi & Saatchi“ од Москва неодамна објавија неверојатно креативна кампања. Со цел да покажат дека под очигледната визуелна убавина постои длабока и значајна историја која е поголема од раскошот што може да ни го долови окото, тие објавија низа илустрации на кои е прикажана нивната визија за „подземниот изглед“ на најзначајните руски градби.