Скарлет Јохансон: Јаболков оцет за совршен тен

Атрактивната актерка Скарлет Јохансон е позната по својата нежна убавина, а неодамна откри неколку трикови со кои се служи.

Пoзнатата холивудска ѕвезда го чисти лицето со јаболков оцет, иако таа предупредува дека овој производ може да биде и многу груб за кожата. Сепак, според Јохансон, токму поради тоа, тој е добар за корегирање на неправилностите на кожата на лицето.

„Истражував многу природни препарати за нега на кожата и сфатив дека јаболковиот оцет е мошне ефикасен. Не е баш паметно да се користи како тоник, но доколку имате некое проблематично место каде ви излегуваат акни, јаболковиот оцет е идеален“, препорачала актерката.

28-годишната убавица, која е заштитно лице на „D&G“, открива дека сака да ги комбинира парфемите, односно, никогаш не користи само еден мирис.

„Го обожавам парфемот на D&G „Desire“. Женствен е и најдобро е да се употребува за ноќно излегување, а за дневна варијанта го преферирам „Bourbon French Parfume“, изјавила Скарлет.

Актерката уште и препорачала и кармини за зголемување на усните, кои и самата ги користи бидејќи сака да има пополни усни.

- Реклама -