Мирисот на цигари е страшно непријатен, а ако сте го почувствувале во вашиот дом, сигурно веќе сте се обиделе да го отстраните. Ако и после долго проветрување сѐ уште е присутен најверојатно изворот на мирисот е покуќнината. Постојат неколку методи на отстранување на долготрајниот мирис, а секако сите се природни.
Оцетот е одличен за неутрализирање на миризбата. Дрвениот мебел третирајте го така што ќе го исчистите со разреден оцет со топла вода и ќе пребришете со памучна ткаенина. Тапацираниот мебел е малку потежок и треба повеќе време, но може да се користи истата техника.
Ако не го сакате мирисот на оцет, обидете се со сода бикарбона, која одлично ги апсорбира мирисите. Одлична е за решавање на проблемите во внатрешноста на плакарите – ставете сад со сода бикарбона 24 часа и ќе ги впие сите мириси. Исто така, содата многу повеќе ќе ви помогне со тапацираниот мебел отколку оцетот. Прво добро исчистете го мебелот со правосмукалка, потоа посипете ја цела површина со сода, оставете 24 часа и потоа телемно повторно исчистете со правосмукалка.
Исто така, проблемот може да го решите и со мелени зрна кафе или активен јаглен.