Риба на трпезата за подолг живот

Почестото конзумирање риба би можело да ви го продолжи животот, покажаа резултатите од истражувањето на универзитетот Харвард и универзитетот во Вашингтон.

Анализата укажува на позитивното дејство на незаситените масни киселини – омега 3 што ги содржи рибата, како што е лососот, врз животниот век на луѓето.

Истражувачите дошле до заклучокот со анализа на статистички податоци собрани во текот на 16 години, а кои се однесуваат на околу 2 700 возрасни во САД на старост од 65 години па нагоре, учесници во долгото истражување на Националниот институт за здравје за кардиоваскуларно здравје.

12954-losos-clanek2

Било утврдено дека лицата на 65 годиншна возраст па нагоре со најголемо ниво на омега 3 во крвта живеат во просек две години и два месеци подолго од оние со најниско ниво на тие киселини.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

„Резултатите го потврдуваат значењето на омега 3 во крвта за кардиоваскуларното здравје и наведува до заклучок дека можат да го продолжат животот за неколку години“, објаснил доктор Дариус Мозафарис од Харвард.

- Реклама -