Facebook упорно се противи на „Dislike“ копче

Изгледа дека Facebook сака да го задржи позитивниот став. Оваа социјална мрежа не сака во блиска иднина да го додаде долгопосакуваното „Dislike“ копче, судејќи според инженерот задолжен за нови производи, Боб Болдвин.

Тој отворено зборувал за фамозното копче за Reddit.

„Сите активности на Facebook се фокусирани на позитивната интеракција на луѓето. „Like“ копчето претставува најлесен начин за изразување на позитивни чувства. Мислам дека додавањето на лесен начин за изразување на негативен став не би било од голема корист за самите корисници на мрежата“, изјавил Болдвин.

 

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук
- Реклама -