Многу едноставен начин како сами да направите коцка од вашите фотографии која може да биде украс за вашите бироа или пак интересен подарок. Не ви е потребно лепило ниту пак креативни гени. Она што ви е потребно се добри фотки, печатач, ножици и оваа веб страна: Tabblo Photo Cube. Како функционира? Најпрво аплоадирате пет ваши фотографии и ги подредувате во Tabblo editor, потоа го даунлоадирате и печатите PDF-то и на крај ги следите инструкциите како да ја исечете и составите коцката. Многу лесно.