14 пати дневно преку мобилен на Facebook

Аналитичката куќа IDC истражуваше колку често користиме Facebook на телефонот, а просекот е 14 пати во текот на денот.

Истражувањето во кое учествувале повеќе од седум илјади испитаници открија дека дури 79% од нив ја проверуваат состојбата на нивните профили преку „смартфоните“ уште во првите 15 минути штом станат од кревет, додека 62% тоа го прават малку подоцна. Facebook го користат околу 70% од луѓето и тој е трета најпопуларна апликација.

Популарната социјална мрежа, корисниците најчесто ја употребуваат пред спиењето, но, во просек во текот на денот околу 13,8 пати. „Само да проверам да не имам нешто ново“, им одзема во просек секој пат околу 2,22 минути што е речиси околу половина час во текот на денот.

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

За „украдените“ моменти корисниците не се грижат, па Facebook го проверуваат 46% корисници додека купуваат или прават некои ситници, а 48% од корисниците проверуваат и додека вежбаат во теретана. 47% влегуваат на Facebook и додека готват, а половина од испитаниците признале дека ги проверуваат своите профили дури и додека се во кино.

Од половина час поминат на Facebook, во просек 15 минути се трошат на читање вести, а остатокот е поделен на читање или пишување пораки или статуси.

- Реклама -