Секогаш ѝ се враќаме на белата боја. Таа е вистински избор во секое време и кога сме нерешителни која боја да ја искористиме при уредување се одлучуваме токму за неа. Кога се работи за класичните ентериери, белата боја им дава еден мек изглед и прави визуелно да делуваат прозрачно и лесно.
Оваа нова класика некако постојано е присутна. Се враќаат интересните форми на разни парчиња мебел, речиси во сите простории во домот. Украсите на плафоните и декоративните столбови се дел од овој правец.
Погледнете неколку идеи како да внесете романтика во вашиот дом