5 фризури што ќе направат да изгледате 10 години помладо

Бојата на косата, шишките, локните, плетенките и пунџите може многу да направат за вашиот изглед. Ако ја одберете вистинската фризура може да изгледате и до 10 години помладо. Не верувате? Погледнете ги следните фотографии на трансформации на славните личности и „украдете“ неколку трикови од нив.

Плетенките веќе долго време не излегуваат од мода, а со оглед на тоа што веќе е пролет, можеби ќе посакате да испробате романтичен изглед токму каков што доловила Џенифер Лопез.

lopes

На почетокот на кариерата Скарлет Јохансон е речиси непрепознатлива со лошиот минивал, но само неколку години подоцна се ишиша кратко со лежерно виткани врвови и постигна полн погодок.

skarlet

Светлата руса коса и бледиот тен никако не одат заедно! Погледнете како Никол Кидман го реши овој проблем со нежни локни и светла коса со црвена нијанса.

Прочитајте и:  Поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез, а има многу добра причина за тоа 

nikol

Додека градеше кариера како членка на групата „Spice Girls“, Викторија Бекам не можеше да се пофали ниту со стил ниту со добра фризура. Во меѓувреме стана модна икона и покрај кратките интересни фризури лансираше и едноставна пунџа која ја направи десет години помлада.

bekam

Младешкиот изглед што ножиците може да го направат со неколку потези е причина поради која шишките се нарекуваат своевиден ботокс. Рис Витерспун ишиша шишки и доби поразигран и посвеж изглед.

ris

- Реклама -