Ни претстојат убави сончеви денови. Погледнете неколку разиграни модели на обувки кои ќе бидат апсолутен хит оваа пролет.
Весела розова боја, плус платформа, плута и нитни. Ако се определите за ваков модел ќе бидете во тренд. Плутата е добар сојузник ако долго шетате или стоите. Со оваа боја ќе можете лесно да комбинирате облека во неутрални пастелни тонови.
Штикла со средна големина и впечатлив принт се одличен избор за оваа пролет. Со некоја секојдневна комбинација овие сандали може да ги носите и на работа.
Пастелната боја на сандалите леско ќе се вклопат во било што и да облечете. Нитните се задолжителни и модерни, дебелата штикла ќе биде сојузник во текот на денот. Тенките ременчиња околу глуждовите се хит.
Овој модел делува класично, но дрвената платформа се издвојува по удобноста. Со овие сандали може да комбинирате најразлични стилови и нема да згрешите.
Универзален и „евергрин“ модел. Беспрекорна удобност, но и модерен дизајн. Боја која лесно се одржува и комбинира.