Во Талин, главниот град на Естонија, се наоѓа мини ресторан уреден во средновековен стил. Крчмата која носи назив „III Draakon“ е позната по ниските цени и вкусната храна.
Најпопуларно јадење од менито е супата од лосос која чини 2 евра и свежите пирошки по цена од 1 евро. Она што е интересно е дека нема да добиете прибор за јадење со цел да се дополни ефектот на животниот стил од минатото.
Местото е идеално за долги разговори и боемско дегустирање на пиво и вотка на точење, колбаси и кисели краставички.
Погледнете како изгледа средновековниот McDonalds!