Не сте толку возбудени заради излегувањето на 13 cm големиот „Galaxy S4“? А, што велите за негова помала верзија? Имено, Samsung потврди дека подготвува и „Galaxy S4 Mini“ наскоро по излегувањето на оригиналот. Мини-верзијата ќе биде со 10,5 cm голем дисплеј и со quad-core процесор. Значи, доколку досега мислевте дека „Galaxy S4“ ќе биде преголем за вашите раце, стрпете се уште малку, и почекајте го излегувањето на неговата Mini верзија.