Повеќето филмски критичари се едногласни дека кога станува збор за филмови кои ја третираат модата како основна идеја, најпопуларни и најгледани се оние засновани на реални животни приказни.Погледнете како изгледа рејтингот на најдобрите филмови за модниот бизнис!
1. GIA – 1997
Во главните улоги: Анџелина Џоли, Мила Кунис, Елизабет Митчел
Режија: Мајкал Кристофер
Филмот ја раскажува биографијата на девојката Џиа која од обична садоперачка успеала да изгради кариера на супер модел, но на 26 – годишна возраст умира од сида и наркоманија.
2. CATWALK – 1996
Во главните улоги: Кристи Тарлингтон, Џорџо Армани, Азедин Алаја
Режија: Роберт Ликок
Документарен филм кој ја раскажува приказната за животот на супер моделот Кристи Тарлингтон и нејзините ангажмани на модните недели во Милано, Њујорк и Париз како и случувањата на вечерните излегувања.
3. FUNNY FACE – 1957
Во главните улоги: Одри Хепберн, Фред Астер, Мишел Оклер
Режија: Стенли Донен
Трогателна историја за продавачката на книги чии лице се нашло на насловната на гламурозен моден магазин.
4. VERUSCHKA – 1971
Главни улоги: Џани ди Луиџи, Mариа Кумани Квазимодо
Режија: Франко Рубартели
Биографски филм за животот на легендарната гермaнска манекенка и актерка Вера Фон Ландорф која е првaта која во 1975 година го напушта светот на модата. Денес таа работи како уметник.
5. THE SEPTEMBER ISSUE – 2009
Режисер: Ар-Џеј Катлер
Документарен филм за создавањето на најобемниот и воедно најтежок септемвриски број на американскиот магазин Вог од 2007 година, основан на реални истории, со реалните хероини Ана Винтур, Оскар Де Ла Рента, Сиена Милер и Грејс Кодиндтон.