На пат околу светот за 1, 5 милиони долари

Британската туристичка компанија VeryFirstTo на богатите туристи им нуди оригинална понуда за патување околу светот за двајца кое ќе трае цели две години и ќе чини 1, 5 милиони долари.
Патувањето подразбира посета на вкупно 962 објекти кое се под заштита на УНЕСКО, летање со бизнис класа и сместување во луксузни хотели. Можеби токму и затоа чини поскапо од лет во вселената.

1

Меѓу местата кои ќе ги посетат двојките со дебели паричници и доволно слободно време се пирамидите во Гиза – Египет, светиот град на Инките Мачу – Пикчу, мегалитниот споменик во Велика Британија Стоунхенџ и уште многу други светски знаменитости.

3
Дел од средствата од продажба на оваа туристичка тура ќе бидат искористени за заштита на историските споменици во светот.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа

 

- Реклама -