Главните асоцијации за Холивуд се светските актерски ѕвезди, Алејата на славните и секако познатиот натпис HOLLYWOOD кој се наоѓа на ридот северно од Лос Анџелес.
По цели 35 години натписот за прв пат е реконструиран, односно одново бојадисан.
Реконструкцијата која траела девет недели всушност претставуваше подготовка кон јубилејот – девет децениското негово постоење.
За негово повторно бојадисување биле потрошени околу 360 литри бела боја што чинелo околу 175 илјади долари.
Легендарниот натпис бил создаден во далечната 1923 година како реклама за продажба на недвижнини, но подоцна добива големо значење како брендиран симбол на кинои-ндустријата.
Првичниот натпис гласел HOLLYWOODLAND, а во 1949 година бил отстранет последниот зборот LAND. Последната реконструкција била извршена во 1979 година со средства спонзорирани од рок ѕвездата Алис Купер.